Субвенциите за полјоделски култури исплатени

Од:

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска ги исплати субвенциите за одгледувачите на полјоделски култури. Станува збор за исплата по мерката 1.1 Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за сите полјоделски култури, освен тутунот.

Без селекција и во еден ден на сметките на 23.108 субјекти исплативме 376.122.517 денари, рече директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски кој денеска заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски присуствуваше на почетокот на реконструкцијата на локалниот пат меѓу скопските села Виниче и Страчинци.

Корисници на оваа финансиска поддршка, потсети Бабовски, се земјоделски стопанства кои во производната 2018 – 2019 година имаат засеани и ожнеани површини со пченица, јачмен, пченка, рж, овес, ориз, тритикале, хељда, сирак, соја и сончоглед.

Политиките на навремена и неселективна исплата на субвенциите продолжуваат токму во периодот кога средствата им се најпотребни. Со ова докажуваме дека ние се грижиме за земјоделците.

Денеска се исплатени субвенции за полјоделски култури во висина од 6,3 милиони евра за над 23 илјади земјоделци, напомена Димковски.

Димковски и Бабовски појаснија дека нема застој во исплатите на субвенциите.

Владата од почетокот на мандатот до денеска има исплатено 341,5 милиони евра од Програмата за земјоделство и рурален развој.

Би можело да ве интересира

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Не е точно дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за струја од први јули, вели Битиќи

(ВИДЕО) Вашите деца не мрзнат, што да јаде моето дете: Викотници на вработени во ЈСП кон советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Александар Тодески

СДСМ: Поголеми субвенции за лозарите од 40.000 на 52.000 денари по хектар

Антикризни мерки: Учениците ќе добиваат од 1.200 до 1.800 денари месечно, по 3.000 денари за пензионерите со ниски пензии

Орце Костов