Извозот во првите четири месеци со раст од 15,1 отсто

Од:

Извозот на стоки во првите четири месеци од годинава од земјава изнесува 1.510.588 илјади американски долари и бележи раст од 15,1 отсто, додека вредноста на увозот е 2.316.124 илјади американски долари и бележи раст од 10,3 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци покриеноста на увозот со извоз е 65,2 отсто, а трговскиот дефицит изнесува 805.536 илјади американски долари.

Од Македонија најмногу се извезувале катализатори на носачи со благородни метали или нивни соединенија, феросилициумот, фероникелот, сетови на проводници за палење и слично, за возила, авиони, производите од железо и челик (валани производи) и облеката.

Од странство се увезувало сурова нафта, платина и легури на платина, необработени или во прав, електричната енергија и други метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во првите четири месеци од годинава најмногу се извезувало 78,7 проценти во земјите членки на ЕУ и земјите од Западен Балкан 13 проценти. Се увезувало, исто така, 63,9 отсто од ЕУ.

Најмногу сме тргувале со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија. Со овие земји се врши 52,4 отсто во вкупната надворешно-трговска размена.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Јаболкото во Ресен ќе остане неоткупено заради големиот увоз на странско јаболко во Македонија

Орце Костов

Државата исправена пред економска логика – ќе го поддржат ли извозот на рударството за зголемен економски раст?

Орце Костов

Граѓаните не можат да си дозволат нов автомобил: Лани продадени трипати повеќе половни отколку нови

Орце Костов

Во првите 11 месеци од 2023 година покриеноста на увозот со извозот 75,2 отсто

Македонските дипломати во Кина ќе помагаат на компаниите во нивните извозни активности

Предраг Петровиќ

Зголемен увоз од Северна Македонија во Косово, по мерките на Приштина против Србија