Извозот од зоните над половина милијарда евра

Од:

Извозот од зоните во првите шест месеци изнесува над 550 милиони евра и повеќе од двојно е зголемен во однос на првите шест месеци од минатата година.

Директорот на Дирекцијата за индустриско-развојни зони Виктор Мизо изјави дека ова пред се се должи на фактот што имаме нови компании кои се функционални, и кои во тој период минатата година се уште не работеа.

–  Пред се, додаде, тука е „Ван хул“ во „Скопје 2“, тука е „Џонсон Контролс“ во „Штип“ и втората фаза на „Џонсон Мети“ во „Скопје 1“, но истовремено и многу поголем обем на производство на „Кемет“ во првото полугодие од оваа година во споредба со минатата година.

Истакна дека само „Џонсон Мети“ секој месец го зголемува своето производство и го руши својот рекорд од претходниот месец во однос на извозот, како најголем извозник.

Секој месец „Џонсон Мети“ го зголемува своето производство и го руши својот рекорд од претходниот месец во однос на извозот, како најголем.

– Ако се гледаат заклучните бројки од минатата година, компаниите од зоните имаа удел од речиси 25 проценти од вкупниот извоз во државата и гледајќи ги овие бројки очекувањата се дека оваа година тие ќе имаат дури и поголема контрибуција во вкупниот извоз. Но, се зголемува и додадената вредност, значи разликата помеѓу извозот и увозот и она што мене ме радува е кога се гледа дека на ниво на државата покриеноста на увозот со извоз од година во година расте, а една од основните причини за ова се токму овие компании и странските директни инвестиции во нови производствени капацитети во државата, изјави Мизо.

Би можело да ве интересира

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

Се зголеми кинескиот извоз

Извозот од земјава во јануари – февруари изнесува 75.650 милиони денари

А1он

Самир Мане – првиот милијардер од Западен Балкан на листата на Forbes

Предраг Петровиќ

Голема наградна игра “Стани милионер со УНИБанка!”

Петрушевски: Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата

Предраг Петровиќ