Изградени 3.916 станови од страна на деловните субјекти во 2019 година

Од:

Државниот завод за статистика денеска излезе со информација дека во текот на 2019 година деловните субјекти изградиле 3.916 станови со вкупна површина од 258.328 метри квадратни. Просечната корисна површина на завршените станови е 66 м2.

Според статистичките податоци, во текот на 2019 година деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност извршиле градежни работи во вредност од 30.478.753 илјади денари. Од нив, 12.303.726 илјади денари се за објекти во индивидуална сопственост.

Во текот на 2019 година се градени вкупно 2.412 објекти.

Индивидуалните сопственици извршиле градежни работи во вредност од 9.303.880 илјади денари. Градени се вкупно 1.730 објекти и завршени 2.153 станови со вкупна површина од 236 972 м2, од кои 64 се станови во викенд-куќи со вкупна површина од 5.500 м2. Просечната корисна површина на завршените станови е 110.1 м2.

По региони, најмногу се градело во Скопскиот регион.

Би можело да ве интересира

Во февруари издадени 352 одобренија за градба

Ана Ололовска

СГИП и Здружение на градежништво: Скоро две милјарди евра ќе се одлеат на странски компании, домашниот сектор е пред затворање

Бочварски – Трајковски: Градиме преку 850 социјални станови низ државата

А1он

Бочварски: Браната Отиња се гради според предвиденото темпо

Ана Ололовска

Градежништвото чека антикризни мерки, недвижностите атрактивни и во ковид пандемија

Ана Ололовска

Градежниците бараат намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто за увоз на поскапените градежни материјали

А1он