Изградбата на Јужен тeк ќе почне на 7. декември

Од:

Со поставување на цевки во Црно Море недалеку од местото Анапе, на 7. декември официјално ќе почне изградбата на гасоводот Јужен тек, јавува известувачот на РТС од Москва. Вредноста на целиот проект е 16 милијарди евра. Шефот на секторот за управување со проекти на Гаспром Леонид Чугунов изјави дека градежните работи ќе почнат кај компресорската станица Рускаја на сто метри од брегот на Црно Море.

Во разговорот со новинари од земјите низ кои ќе поминува Јужен тек, Чугунов потврди дека изградбата на делницата на гасоводот низ Србија ќе почне во декември, но наведе дека се уште не е прецизиран датумот. Како што објасни тој, изградбата во Србија ќе почне со поставување на камен-темелник за компресорска станица во близина на границата со Унгарија.

Компанијата Гаспром која е носител на овој проект, најавува дека наскоро со Европската унија ќе потпише договор за снабдување со гас. Трасата на гасоводот од руското пристаниште Новоросијск треба да води по дното на Црно Море, до бугарското пристаниште Варна, преку Балканскиот полуостров, Србија, Унгарија, до Австрија и преку Грција до Италија. Гасоводот во Србија и Бугарија треба да влезе кај Заечар, а да излезе кај Суботица, на границата со Унгарија.

Носител на проектот на изградбата на делницата на гасоводот Јужен тек низ Србија е руско-српската компанија Јужен тек Србија, со седиште во Швајцарија, во која руски Гаспром има 51 отсто сопственост, а српската државна компанија Србијагас има 49 отсто. Министерката Зорана Михајловиќ минатата недела рече дека првата верзија за нацрт законот за Јужен тек ја подготвува Србијагас, која ќе ја достави на Министерството на доработка.

– Законот треба да се донесе во Собранието на Србија до крајот на годината – наведе Михајловиќ.

Како што е наведено, законот за Јужен тек треба да го регулира и прашањето за експропријација на земјиштето за изградба на гасоводот и да ја забрза изработката на документацијата и процедурите за издавање на дозвола за градба. Првите количини на гас треба да бидат испорачани до крајот на 2015 година, а гасоводот до крајот на 2017 година треба да достигне полн капацитет од 63 милијарди кубни метри гас годишно. Собранието на акционерите на компанијата Јужен тек Србија, на 29 октомври донесе конечна инвестициска одлука за почеток на изградбата на тој гасовод низ Србија.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Цените на гасот во Европа на годишниот максимум

Предраг Петровиќ

Украина ќе ја заврти славината, рускиот гас за Европа ќе мора по нови рути

Предраг Петровиќ

Божиновска: Целосната гасификација на државата претставува столб во стратегијата за енергетска транзиција

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Дали Русите ќе ги загрозат подморските кабли: Во САД загрижени за движењето на подморниците

Предраг Петровиќ