Изградбата на гасоводот Јужен поток во Србија почнува во јануари

Од:

Изградбата на гасоводот „Јужен поток“ на територијата на Србија ќе почне до крајот на јануари, изјави српскиот министер за природни ресурси, рударство и просторно планирање, Милан Бачевиќ.

Тој рече дека првично најавениот почеток на изградбата е поместен, затоа што се чека доаѓање на некој од претставниците на Руската Федерација кои би присуствувале на свеченоста.

Бачевиќ рече дека се е подготвено за почетокот на работите и дека првобитниот план за стартот на изградбата на гасоводот на 20 декември 2012 е поместен по барање на „Србијагас“, како оперативен носител на работите.

– Министерството за просторно планирање во рамките на своите надлежности подготви просторно-плански документ за тој гасен систем, рече тој.

Бачевиќ потсети дека државата Србија има удел од 49 отсто во сопственост на над 470 километри гасовод кој поминува низ 21 општини, 11 градови и десет региони на Србија.

Би можело да ве интересира

„Комерсант“: „Газпром“ го воскреснува „Јужен поток“

Ана Ололовска

Анкета: Србите и Бугарите стравуваат поради откажувањето на Јужен поток

Емир Латифовиќ

„Турскиот поток“ ќе оди по трасата на „Јужен поток“

Ана Ололовска

Вашингтон: Изградбата на „Турски поток“ отвора дилеми

Ана Ололовска

„Ведомости“: „Газпром“ би можел да го возобнови „Јужен поток“

Ана Ололовска

Шефчович: Откажувањето на „Јужен поток“ не е закана за енергетската безбедност на Србија

Ана Ололовска