Издадени за 10 отсто повеќе одобренија за градење

Од:

Бројот на издадени одобренија во март годинава во споредба со март лани е за 10 отсто повеќе и изнесува 231, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.762.067.000 денари што е за 22,6 отсто помалку во однос на овој месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 180 или 77,9 отсто се наменети за објекти од високоградба, 14 или 6,1 отсто за објекти од нискоградба и 37 или 16 проценти за објекти за реконструкција.

Од вкупно 231 објект, на 182 или 78,8 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 49 објекти или 21,2 отсто инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 589 станови со вкупна корисна површина од 45.007 метри квадратни.

Би можело да ве интересира

Во февруари издадени 352 одобренија за градба

Ана Ололовска

СГИП и Здружение на градежништво: Скоро две милјарди евра ќе се одлеат на странски компании, домашниот сектор е пред затворање

Бочварски – Трајковски: Градиме преку 850 социјални станови низ државата

А1он

Бочварски: Браната Отиња се гради според предвиденото темпо

Ана Ололовска

Градежништвото чека антикризни мерки, недвижностите атрактивни и во ковид пандемија

Ана Ололовска

Градежниците бараат намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто за увоз на поскапените градежни материјали

А1он