Издадени повеќе одобренија за градба, ќе се градат станови, најмногу во Аеродром

Од:

Двеста и десет одобренија за градба се издадени во август годинава, од кои најголемиот дел или 136 одобренија се за високо градба, објави Државниот завод за статистиката, констатирајќи зголемување на бројот на издадени одобренија за 9,4 отсто.

Објавените податоци покажуваат дека во скопсикот регион се издадените 49 одобренија предвидена е изградба на 147 станови, од кои, пак, 125 се во општината Аеродром. Ќе се гради и во југозападниот регион, каде се издадени 45 дозволи за градба, во Полошкиот 33, Вардарскиот 24, Југоисточниот 22, Пелагонискиот 20, Источниот 13 и најмалку во Североисточниот четири.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека предвидената вредност на сите објекти за кои е издадена дозвола за градба изнесува 2.326.990 илјади денари, што е за 53,7 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупно 210 објекти, на 145 или 69,1 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 65 или 30,9 отсто објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 278 станови, со вкупна корисна површина од 24 728 кавдратни метри.

Би можело да ве интересира

Во февруари издадени 352 одобренија за градба

Ана Ололовска

СГИП и Здружение на градежништво: Скоро две милјарди евра ќе се одлеат на странски компании, домашниот сектор е пред затворање

Бочварски – Трајковски: Градиме преку 850 социјални станови низ државата

А1он

Бочварски: Браната Отиња се гради според предвиденото темпо

Ана Ололовска

Градежништвото чека антикризни мерки, недвижностите атрактивни и во ковид пандемија

Ана Ололовска

Градежниците бараат намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто за увоз на поскапените градежни материјали

А1он