Издадени одобренија за 419 нови станови

Од:

Во декември лани се издадени 333 одобренија за градење што е за 0,9 проценти помалку во однос на декември 2015 година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7.433.793.000 денари, односно за 52,9 проценти повеќе споредено со декември 2015.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 199 (59,8 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 39 (11,7 проценти) за нискоградба и 95 (28,5 проценти) за објекти за реконструкција.

На 221 објект ( 66,4 проценти) инвеститори се физички лица, а на 112 објекти (33,6 проценти) деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 419 станови со вкупна корисна површина од 41.887 метри квадратни.

Би можело да ве интересира

Во февруари издадени 352 одобренија за градба

Ана Ололовска

СГИП и Здружение на градежништво: Скоро две милјарди евра ќе се одлеат на странски компании, домашниот сектор е пред затворање

Бочварски – Трајковски: Градиме преку 850 социјални станови низ државата

А1он

Бочварски: Браната Отиња се гради според предвиденото темпо

Ана Ололовска

Градежништвото чека антикризни мерки, недвижностите атрактивни и во ковид пандемија

Ана Ололовска

Градежниците бараат намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто за увоз на поскапените градежни материјали

А1он