Во април годинава се издадени 249 одобренија за градење, што е за 3,9 проценти помалку во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6.214.781 илјада денари, што е за 73,3 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 134 или 53,8 отсто се наменети за објекти од високоградба, 44 или 17,7 отсто за објекти од нискоградба и 71 или 28,5 отсто за објекти за реконструкција.
Од вкупно 249 објекти, на 161 или 64,7 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 88 или 35,3 отсто објекти инвеститори
се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 965 станови, со вкупна корисна површина од 62.340 м2.