(ВИДЕО) Ивановски: Предлогот на Вељаноски е безобразен и е како кафеанско пазарење

Од:

Бриферите се лажни, не е точно дека ја напуштивме координацијата кај Вељаноски, реагира Игор Ивановски на информациите  дека опозицијата излегла од состанокот кај спикерот.

„Утре продолжуваме.Но точно е дека го одбивме предлогот на Вељаноски, министерот за финансии писмено да не извести кои амандмани ги прифаќа , а кои не, и без расправа во комисиите да се оди на пленарна седница за буџетот. Ова не е деловнички, не може да се спречи дебата. Предлогот на ТРајко Вељаноски е недоличен, безобразен и наликува на кафеанско пазарење. Со парите на граѓаните ние не се ценкаме на ефтин и мизерен начин“, рече Ивановски.

Го повтори предлогот за штедење во буџетот од 204 милиони евра . Ако нема пари, рече, тогаш и Владата треба да штеди и на партиски вработувања, и на фонтани и на реклами и на барок.

„Ќе има 204 милиони помалку за криминалот на Владата. Нема да дозволиме ВМРО-ДПМНЕ да ја втурне Македонија во грчко сценарио. Ако се прифати нашиот план за заштеда нема да мораат неродените деца да ги отплатуваат спомениците и луксузирањето на Груевски. Даваме предлог за домаќински и рационален буџет. Доколку не се согласат, нема да дозволиме расипништво. Ги потсетуваме и во 2003  ВМРО-ДПМНЕ имаше времено финансирање. Пари за плати и пензии и субвенции и социјална помош ќе има“, рече Ивановски.

Би можело да ве интересира

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

А1он

(ВИДЕО) Костова: Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

А1он

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Љутков постојано е на пат, повеќе е во странство отколку на своето работно место