Италијански „Едисон“ влегуваат во битка за грчкиот гас

Од:

Италијанскиот конзорциум „Едисон“ објави дека ќе учествува на меѓународниот тендер за истражување на резревите на јагленовороди во Грција, објави атинскиот венсик „Етнос“.

Компанија официјално го потврди своето учество на средба во Милано со грчкиот министер за животна средина, енергија и климатски промени Јанис Манијатис.

Претставникот на „Eдисон“ потврдил пред грчкиот министер дека всушност неговата компанија е заинтересирана не само во учество во истражувањата за нафта и гас во Јонско Море и јужно од островот Крит, туку и за реализација на гасоводот меѓу Италија и Грција. но и меѓу Грција и Бугарија. „Едисон“ е партнер со грчката гасна компанија ДЕПА во овие два прокта.

Грчкиот министер воедно напоменал дека „Едисон“ исто така ќе земе учество и во тендерите за пренос на природен гас до Балканот од Израел.

Манијатис додал и дека грчката Влада презела обврска за либеррализација на пазарот за електрична енергија, во кој „Едисон“ уште од 2008 година има активно учество во партнерство со големи грчки компании. 

Би можело да ве интересира

Родители осудени на доживотен затвор, ја убија ќерката затоа што одби договорен брак

А1он

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

(ВИДЕО) Трагедија во Италија – кај градот Соренто пукна кабина на жичарница, загинаа 4 лица

А1он

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

Хаос на протестот во Рим: Италијански студенти фрлаа јајца кон „метите“ Мелони и Фон дер Лајен