Италијанската економија се врати во рецесија

Од:

Италијанската економија одново се најде во рецесија,откако два,едноподруго квартала,забележи опаѓање на економскиот раст. Итaлијанската државна статистика соопшти денеска дека во вториот квартал има негативен економски раст од 0,2,откако пад од 0,1 отсто беше регистриран и во првите три месеци од оваа година.

Ваквите економски резултати во Рим се оценуваат како изненадување,затоа што се очекуваше позабрзано стабилизирање на економијата на Италија,по излегувањето од кризата и од рецесијата и добрите економски постигнувања во последниот квартал од 2013 година.

Економски експерти оценуваат дека причината за враќањето на земјата во рецесијата е резултат на се уште големиот внатрешен долг,што го има државата,за чие амортизирање и намалување е потребен поголем економски раст,од оној што годинава го бележи Италија.

Враќањеето во рецесија претставува сериозен удар врз италијанскиот премиер Матео Ренци,кој во февруари ја презеде функцијата од Енрико Лета,по партискиот пуч во левоцентристичката Демократска партија.Ренци кој дотогаш беше градоначалник на Фиренца,ги критикуваше економските постигнувања на Лета,ветувајќи позабрзан раст и целосно излегување од кризата во која Италија се наоѓа од 2007 година.

Би можело да ве интересира

Родители осудени на доживотен затвор, ја убија ќерката затоа што одби договорен брак

А1он

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

(ВИДЕО) Трагедија во Италија – кај градот Соренто пукна кабина на жичарница, загинаа 4 лица

А1он

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Хаос на протестот во Рим: Италијански студенти фрлаа јајца кон „метите“ Мелони и Фон дер Лајен

Наводен руски дрон забележан во Италија, обвинителството започна истрага