Италија има повеќе причини да ја напушти еврозоната од Грција

Од:

Италија и Ирска имаат повеќе причини да ја напуштат еврозоната од Грција, а Германија веројатно има ограничен простор за маневрирање, со цел да спречи напуштање на монетарната унија од страна не некоја земја-членка, се оценува во анализа на „Банк оф Америка Мерил Линч“.

Стратезите за девизни пазари на банкара Дејвид Јо и Атанасиос Вамвакидис преку аналитичките методи „трошоци-профит“ и „теорија на игрите“ доаѓаат до заклучок дека инвеститорите ја потценуваат можноста за доброволно излегување на една или повеќе земји од еврозоната.

– Анализата покажува неколку изненадувачки резултати, кои може да бидат интересни за читателите кои не се согласуваат со нашите заклучоци, наведуваат стратезите во извештајот.

Италија, која е трета економија по големина во еврозоната, би имала поголема можност да изврши контролиран излез од монетарната унија отколку другите земји и би добила многу повеќе од зголемувањето на конкурентноста, економскиот раст и избалансираните финансии, тврдат аналитичарите.

Германија, од друга страна, е земја која може најлесно да ја напушти еврозоната, но и има најмала причина да го направи тоа, бидејќи надвор од еврозонаа ќе се соочи со помал раст, веројатно повисоки камати на обврзниците и негативни последици за буџетот, наведуваат стратезите.

Австрија, Финска и Белгија имаат малку причини да се откажат од заедничката валута, а меѓу економиите погодени од кризата, Шпанија има најголеми шанси да ја напушти еврозоната, сметаат експертите на „Банк оф Америка Мерил Линч“.

Би можело да ве интересира

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот