Истражување: Само три проценти од земјоделците одлично ги познаваат законските решенија

Од:

Вкупно 46 отсто од земјоделците го познаваат Законот за земјоделство и рурален развој, 7 проценти добро се запознаени со него, а само 3 отсто одлично ги владеат предвидените решенија, покажува последното истражување на Рурална коалиција – Куманово.

Како што беше речено на денешната завршна презентација на проектот „Законите ги има, примената ја нема“, околу половина од испитаниците рекле дека воопшто не го познаваат електронското фармерство, односно водењето електронска евиденција на земјоделското производство или т.н. ФАДН систем.

– Загрижувачки е фактот што 32 процента од земјоделците слушнале за ФАДН со оглед дека сме насочени кон Европската унија каде што ваквиот систем е задолжителен. Во овој сегмент се уште не можеме да зборуваме за современо софтверски покриено земјоделство, а бројот на земјоделски стопанства за кој се води ваков тип евиденција е околу 600 што е премалку зашто системот е воведен во периодот 2010-2011 година, истакна извршната директорка на Рурална коалиција Лилјана Јоноски.

Истражувањето покажало и дека 41 отсто од земјоделците речиси не ги познаваат договорите со откупувачите што, според Јоноски, е индикатор за односот меѓу земјоделците и откупувачите. Организацијата на откупот пак, како што рече, е дефинирана како добра или средна.

– Дури 120 од вкупно 140 испитаници рекле дека откупувачите не ги почитуваат одредбите наведени во договорите, а за честите промени на цените на земјоделските производи како причини се наведуваат неквалитетното производство, немањето услови за чување, не вложувањето во нови сорти или нови методи за работа, како и неконкурентната пазарна економија, посочи директорката.

Оценка на Рурална коалиција е дека загрижува и фактот што дури 78 од анкетираните не знаат за постоењето на земјоделскиот пазарен информативен систем, воведен со закон, како една од алатките што треба да им бидат достапни на земјоделците за утврдување на цената, следењето на трендовите на цените на храна и на земјоделските производи.

– Од оние што знаат за ваквиот систем, го користат само за општи информации поврзани со цените на земјоделските производи и тука завршува неговата употреба, подвлече Јоноски, додавајќи дека проблем за земјоделците е што земјоделскиот пазарен информативен систем е достапен само во електронска верзија.

Во однос на субвенциите, преку 90 проценти од испитаниците рекле дека користат државна поддршка, но 112 од 117 анкетирани се пожалиле дека не ја добиваат навреме.

Теренското истражување на Рурална коалиција беше реализирано во декември 2016/јануари 2017 година во Полошкиот, Северозападниот и Југоисточниот регион. Беа опфатени општините Гостивар, Тетово, Куманово, Ранковце, Старо Нагоричане, Кичево и Струга.

Би можело да ве интересира

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади