Истражување: Поголемите плати во туризмот во Хрватска го намалија профитот

Од:

Водечките туристички компании во Хрватска, и покрај реалниот раст на физичкиот промет и приходите оваа сезона, бележат намален профит, а се намалува и рентабилноста.

Истражување спроведено од водечките туристички компании во Хрватска за клучните индикатори за бизнис за првите девет месеци од оваа година покажа дека компаниите постигнале 5,3 проценти зголемување на приходите.

Сепак, како резултат на зголемувањето на оперативните трошоци, бруто-оперативната добивка е помала во однос на истиот период лани.

Тоа се резултатите што беа објавени во кварталната публикација на Хрватскиот туристички одбор, наречен Туристички импулс Q4.

На намалувањето на профитабилноста најмногу влијаеше зголемувањето на трошоците за работна сила. Туристичките компании издвојувале просечно 10,5 проценти повеќе за вработените оваа година, а некои компании скоро 18 проценти повеќе отколку во претходната година, објави Индекс.

Стапката на рентабилност, што ја покажува профитот во периодот во однос на вкупните ангажирани средства, е намалена на екстремно ниски 7,9 проценти.

Индикаторот за профитабилност е еден од клучните фактори при донесувањето одлуки за инвестиции, а во другите медитерански земји тој индикатор се движи од 10 до 12 проценти.

Би можело да ве интересира

Најмалку две лица загина во сообраќајка во Хрватска

Сообраќајна несреќа во Хрватска, неколку лица загинаа, има и повредени

Две сестри тргнаа на свадба, починаа во сообраќајка

А1он

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин