Истражување: Директори во светот очекуваат долготрајна рецесија

Од:

Деловните лидери низ целиот свет се подготвуваат за долготрајна рецесија поради пандемијата на коронавирусот, а многумина стравуваат дека нивните бизниси нема да го преживеат периодот, покажа студијата објавена денеска.

Пандемијата досега усмрти речиси 180.000 луѓе и би можела да предизвика најголема криза од Големата депресија од 1930 година во економијата.

Анкетата беше спроведена од страна на организацијата на деловни лидери YPО помеѓу 15 и 19 април, на 3.534 извршни директори во 109 земји. Околу 60 проценти од извршните директори се подготвуваат за обновување во облик на Y, што значи дека очекуваат долг период помеѓу рецесија и закрепнување.

Дваесет и два отсто предвидуваат двојна рецесија.

Истражувањето исто така открило дека 11 проценти од анкетираните извршни директори велат дека коронавирусот ќе претставува ризик за опстанокот на нивната компанија, а други 40 проценти рекле дека пандемијата е сериозна закана.

Најранливите компании се во угостителската индустрија – 41 процент и извршните директори во овој сектор велат дека нивните компании се изложени на ризик од колапс.

Во секторот за авијација и трговија на големо, 30 проценти и 19 проценти од извршните директори стравуваат од таков исход, покажа истражувањето.

Некои сектори остваруваат профит – 10 отсто од деловните лидери во трговијата на мало и големо, како и директорите на земјоделски производители, рудници и комунални услуги, кои известуваат за позитивно влијание врз приходите.

Сепак, повеќето испитаници очекуваат дека ситуацијата ќе се подобри по некое време.

Речиси две третини од деловните лидери предвидуваат дека негативните последици ќе се рефлектираат во деловните резултати повеќе од една година. Една четвртина од нив очекуваат нивната компанија да вработи до 20 проценти помалку работници за една година отколку сега.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Министерството за економија е неспособно да се справи со економската криза

Горан Наумовски

МФ: „Стандард и пурс“ ги потврдуваат напорите на Владата за забрзување на економските раст, борбата со корупцијата и сивата економија

А1он

Оризопроизводителите реагираат дека откупувачите не го почитуваат договореното

А1он

Седум години ЕЛС: Ќе бидеме најинтегрираната компанија во регионот

Предраг Петровиќ

Трамп лансира сопствена валута: Цената порасна за 4.000 отсто

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ