Истекува рокот за поднесување Годишна даночна пријава во УЈП

Од:

Денеска е последниот ден за граѓаните да ги пријават дополнителните приходи во Управата за јавни приходи. Од вкупно 200 илјади граѓани, колку што се очекува да поднесат Годишна даночна пријава до УЈП, заклучно со вчерашниот ден, 130 илјади ја исполниле својата обврска.

Годишна даночна пријава треба да поднесе секој граѓанин кој, освен платата или пензијата, остварил и друг дополнителен приход во текот на 2012 година.

Даночната пријава може да се поднесе на шалтерите во сите даночни канцеларии од 08.30 до 16.30 часот и преку мобилните даночни шлатери. Контакт центарот на УЈП  лоциран во Градскиот трговски центар во Скопје врши прием на пријави од 9 до 20 часот.

Би можело да ве интересира

УЈП демантира дека го „пломвирала“ Пулс во декември минатата година

ДУИ: Во истрагата за „Пулс“ е неопходно да се покрене прашањето за улогата и одговорноста на УЈП

СДСМ: Елена Петрова ја лаже јавноста, повратот на ДДВ-то доцни и до четири месеци

Петрова: Исплатата на МојДДВ и повратот на ДДВ за компаниите тече континуирано

УЈП: Поголеми ланци на маркети во земјава во четвртокот и петокот имаа помал промет

Прекин во работењето на системот е-Даноци