Исповед на милијардер: Трошењето пари ми паѓа потешко, отколку заработувањето

Од:

Основачот на гигантот „Алибаба“, Џек Ма и покрај тоа што поседува околу 24 милијарди долари, вели дека трошењето пари за него е многу покомплицирана работа, отколку заработувањето на истите.

-Трошењето пари за мене е многу потешко од заработување на истите- рече тој за британски „Телеграф“.

Како што пренесуваат медиумите „Алибаба“ само во вторник направил промет од 9 милијарди долари, а сопственикот сепак не е среќен.

-Не сум среќен човек, богатството ми создава голема болка, најпрвин затоа што сите се со мене и околу мене исклучиво поради парите. Кога ќе поминам на улица, луѓето поинаку ме гледаат. Само сакам да бидам тоа што сум обичен човек-вели Ма.

alibaba

„Алибаба“ неодамна ја презеде компанијата „Волмарт“ и со тоа стана најголем светски гигант во областа на малопродажбата, а во септември е проценета на 170 милијарди долари.

Вредноста на една акција достигна неверојатни 119 долари.

Поранешниот учител, педесетгодишниот Ма вели дека скокот на вредноста на акциите на неговата компанија се една од причините за неговото нерасположение.

-Акциите растат, богатството се зголемува, но луѓето тогаш имаат преголеми очекувања од вас. Тоа е мошне тешко и се обидувам да не полетам во тие моменти, туку да останам цврсто на земјата-додава тој.

Според него човекот кој има многу пари има и одговорност да го троши на започнување нови бизниси, кои ќе им помогант на луѓето што немаат и кои ќе отворат нови работни места.

-Мораш да им покажеш на тие луѓе дека не си обичен богаташ, туку дека можеш да бидеш уште подобар и дека можеш да им помогнеш повеќе од владата во нивната држава. Тоа е голем предизвик – нагласи Ма.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Најбогатиот човек на светот има имот од 233 милијарди долари

Најбогатиот човек на светот изгуби над 10 милијарди евра за еден ден

Ана Ололовска

Некогаш ѕвезда на Арсенал, а сега милијардер: Дури 30 пати е побогат од Кристијано Роналдо

Маск повторно е најбогатиот човек на светот

Ана Ололовска

Илон Маск симнат од тронот, најбогат човек на светот сега е Бернард Арно

Ана Ололовска

Кралицата на скапоцените камења загина на крузер, нејзиниот сеф е пронајден празен

Горан Наумовски