Alibaba го продава американскиот огранок

Од:

Кинескиот гигант во сегментот на онлајн тргувањето Alibaba најави продажба на американскиот огранок 11 Main една година по отворањето , наводно поради неисполнети очекувања во поглед на зацврстување на позициите на американскиот пазар.

Сајтот ќе биде продаден на американската компанија OpenSky, објави во соопштението Alibaba, не наведувајќи ја вредноста на трансакцијата. Известија само дека ќе биде задржан малцински удел во комбинираната компанија која ќе води 50.000 брендови.

Во соопштението не се наведува ниту големината на уделот, ниту причините за продажбата.

Според медиумите, Alibaba на компанијата OpenSky ќе и продаде три ограноци за поддршка и логистика за 11 Main.

Alibaba има надмоќна позиција во сегментот е-трговија во матична Кина, па така се проценува дека неговата Tmall.com платформа управува со над половината од кинескиот пазар за директни трансакции меѓу производителите и потрошувачите. Платформата на Alibaba Taobao држи дури над 90 отсто од пазарот на трансакции од потрошувачи до потрошувачи.

Ширењето на кинескиот гигант во странство бавно напредува.

„Би сакале 40 отсто од нашето работење да отпаѓа во странство, а моментно нашиот удел во странско работење е само два отсто, рече неодамна во Њујорк основачот и извршниот директор Џек Ма.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана