Исплатени 62,5 милиони денари субвенции на тутунарите

Од:

Министерството за финансии денеска исплати 62,5 милиони денари субвенции за продаден тутун на 2.952 тутунари.

– Станува збор за откупен тутун од кооперанти од сите откупни центри во период од 26 февруари до 15 март, односно периодот кога исплатата на субвенциите беше запрена поради одредбите во Изборниот законик, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.

Владата на Република Македонија и Министерството за финансии, се додава, остануваат посветени на поддршка на земјоделството како носечка гранка во македонското стопанство.

Би можело да ве интересира

Откупот на тутунот е при крај, просечната откупна цена е 400 денари

Царина заплени 780 килограми тутун вреден 3,4 милиони денари

(ВИДЕО) Талески: Власта одби 100 денари линеарна субвенција, Мицкоски, Трипуновски и ДПМНЕ ги изневерија тутунарите

Горан Наумовски

Тутунот се расадува, се предвидува добра производствена година

(ВИДЕО) Филипче: Нови субвенции за тутунопроизводителите по 6.000 денари за секој хектар тутун

Бектеши: За уште 35 денари се зголемува откупната цена на тутунот, носиме одлуки во интерес на тутунарите