Министерството за финансии денеска исплати 455,3 милиони денари субвенции поддршка за сточарството.
Како што соопшти Министерството за финансии, средствата ќе им бидат префрлени на 12.403 сточари за одгледување говеда и овци. Исплатени се 196,1 милион денари на 10.693 сточари за одгледување говеда и тоа 2.800 денари по грло говедо и 259,2 милиони денари на 1.710 лица за одгледување овци, односно по 1.000 денари по грло и дополнителни 700 денари за секое оставено женско јагне.
– Владата на Република Македонија продолжува со поддршката на земјоделството, како една од носечките економски гранки, преку редовна исплата на субвенциите, наведува Министерството за финансии во соопштението.