Министерството за финансии денеска исплати 440,4 милиони денари субвенции на 15.469 земјоделци по повеќе основи.
За произведено и продадено, кравјо, овчо и козјо млеко исплатени се 271,5 милиони денари на 14.498 сточари, при што висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар.
За поддршка на сточарството исплатени се и 168,9 милиони денари на 971 сточар за обележани грла овци. Висината на поддршката за обележани грла овци изнесува 1.000 денари по грло.
Владата на Република Македонија и Министерството за финансии, како што се истакнува во соопштението, продолжуваат со поддршка на земјоделството преку исплата на субвенции за стимулирање на оваа носечка економска гранка.