Исплатени 341 милион денари субвенции за лозарите, тутунарите и градинарите

Од:

Министерството за финансии денеска исплати вкупно 341 милиони денари субвенции на 13.041 земјоделец за поддршка на одржување лозови насади, производство и продажба на тутун и производство на градинарски култури.

Како што соопшти Министерството за финансии, од овие средства 104 милиони денари се исплатени на 4.679 лозари за одржување површини со лозови насади. Висината на поддршката изнесува 40.000 денари по хектар.

Денеска се исплатени и 165 милиони денари на 3.263 одгледувачи на тутун, при што е извршена исплатата на кооперантите на Тутунски комбинат Прилеп и „Центро Табак“. Мерката изнесува 60 денари по произведен и продаден килограм тутун.

Исплатени се и 70 милиони денари на 5.099 земјоделци за произведени градинарски култури. Поддршката за овој вид земјоделски култури се движи од 6.000 до 30.000 денари по хектар, во зависност од културата.

– Преку редовната исплата на субвенциите за поддршка на земјоделството Владата на Република Македонија и Министерството за финансии остануваат доследни на поддршката за една од носечките гранки во македонската економија, наведува Министерството за финансии во соопштението.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Исплатени се субвенции од над милијарда и триста милиони денари за околу 20.000 земјоделци

СДСМ: Лага е дека се исплаќаат субвенции од преходните четири години, неспособната власт доцни

Катерина Ѓуровски

Ќе се субвенционираат пристигната патници и дестинации, Владата ги менува условите за поддршка на авиокомпаниите

Катерина Ѓуровски

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

A1on

Не е точно дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за струја од први јули, вели Битиќи