Исплатени 302 милиони денари земјоделски субвенции

Од:

Министерството за финансии денеска исплати 302 милиони денари субвенции на 8.103 земјоделци за поддршка на повеќе мерки во земјоделството.

Како што соопшти Министерството за финансии, за поледелски и житни култури исплатени се 104,2 милиони денари на 2.739 земјоделци.

На 1.978 лозари исплатени се 58,8 милиони денари за продадено грозје. Исто така, за одржување на постоечки лозови насади исплатени се 54,8 милиони денари на 1.154 лица. На 2.232 сточари денеска им се исплатени 84,2 милиони денари за кравјо млеко.

– Со исплатата на субвенциите во земјоделството Владата на Република Македонија и Министерството за финансии остануваат посветени на поддршката на овој носечки сектор за македонската економија, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади

Николовски: Ја носиме Европа дома, за просперитет на секој земјоделец, за пласман на домашните производи на европскиот пазар