Исплатата на степенот на кариера да се договори спогодбено, апелираат УПОЗ и МИОА

Од:

Надоместоците за степенот на кариера да се исплатат, а вработените и раководните лица да се договорат околу исплатата, а не да одат по судови, апелираа денеска од Синдикатот на УПОЗ и од Министерството за информатичко општество и администрација.

– Апелирам и до вработените во јавната администрација и до раководните лица да не одат на суд, туку да се спогодат. Луѓето бесправно се оштетени и треба да ги добијат овие пари, изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски по седницата на Претседателството на УПОЗ на која присуствуваше.

Со стапувањето во сила на Законот за административни службеници, вработените го изгубија правото за исплата на степен на кариера по што почнаат своите права да ги бараат по судски пат. Од Синдикатот на УПОЗ и Владата препорачаа вработените и раководните лица да се договорат околу исплатата поради високите судски и адвокатски трошоци.

Во 2017 година по овој основ имало 722 судски предмети, а за адвокатски трошоци се исплатени 5.171.990 денари. Во 2016 година се воделе 186 судски спорови и за адвокатски трошоци се исплатени 3.790.357 денари, а наспроти ова, вработените за надоместок за степенот на кариера добиле една четвртина од оваа сума.

Одговарајќи на новинарски прашања, министерот Манчевски уште еднаш нагласи дека нема да има отпуштање на вработените во јавната администрација, туку оти се можни прераспределби. Функционалните анализи, како што рече, ќе покажат каде има преклопување на ингеренциите на институциите и кои се луѓето што се вишок, но и кои се позициите каде има недостаток на кадар

– Имаме голем број на вработени кои се на најниските нивоа во администрацијата, а кои имаат многу поголемо образование и извршуваат работни задачи кои се со многу поголеми одговорности од позицијата што ја имаат. Имаме празни раководни места во администрацијата. Ги решаваме дел по дел проблемите, рече Манчевски, додавајќи дека ништо нема да се прави под присила на вработените.

Од Синдикатот на УПОЗ најавија дека ќе ги следат процесите околу прераспределбата во јавната администрација и оти ќе разговараат за сите прашања кои би произлегле.

– Министерот во повеќе наврати изјавуваше и тоа за нас е прифатливо дека сето ова ќе биде на доброволна основа. Синдикатот ќе го следи овој процес и доколку биде констатиран вишок во јавната администрација, како Синдикатот ќе преговараме нашите членови да бидат обезбедени на новите работни места доколку изразат желба да преминат во приватниот сектор, изјави претседателот на УПОЗ, Пецо Грујовски по денешната седница на Претседалството на УПОЗ.

Би можело да ве интересира

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

Орце Костов

Уставен суд реагира на наводите изнесени од претседателот на Синдикатот на УПОЗ

УПОЗ ги повика Кацарска и Бесими да најдат решение за платите за вработените во Финансии

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

Орце Костов