Ирска ќе бара „превентивен кредит“ од ЕУ и ММФ

Од:

Ирската Влада планира да побара „превентивен кредит“ од ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), во износ од 10 милијарди евра, тврдат медиумите во Даблин.

– Тоа би била кредитна линија кој би ја користеле само доколку ни затреба. Таа кредитна линија е во износ на нашиот годишен буџетски дефицит, односно околку 10 милијарди евра, соопшти ирското Минситерство за финансии.

Во соопштението се наведува дека овие средства би биле користени во случај на „непредвидени настани“, со што финансискиот систем на земјата би можел да продолжи да функционира без проблеми.

Владата во Даблин се надева дека ќе успее да го издејствува овој кредит без да биде принудена да прифати дополнителни услови за штедење наметнати од страна на ЕУ и ММФ.

Ирска континуирано ги намалува трошоците на здолжување, кои својот врв го достигнаа во 2011 година, кога земјата доби меѓународна кредитна помош од 85 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

ММФ прогнозира раст од 3,2 отсто на македонската економија

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на Меѓународниот монетарен фонд

А1он

Даблин: Неколку лица се избодени со нож, напаѓачот е уапсен

Горан Наумовски

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ – Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење, ефикасно прибирање на приходите и економски раст

ММФ: На глобалната економија и се закануваат високи долгови и низок проектиран раст