Средба со земјоделците од Тиквеш за запознавање со ИПАРД условите организираше денеска во Кавадарци Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Средбата беше организирана во соработка со локалната самоуправа.
– Освен што беа запознаени со условите за аплицирање, присутните можеа и да прашаат се што ги интересира во врска со користењето на ИПАРД средствата со цел унапредување на земјоделството, информира Слжубата за односи со јавност на Општина Кавадарци.