Инженерите на ФЕРОИНВЕСТ и БРАКО со стручни трудови на јубилејот на Институтот по Мехатроника на Машинскиот факултет

Од:

Мехатронички решенија за управување со мали хидроелектрани, со електрични возила и со батериски системи, беа темите на кои инженерите на ФЕРОИНВЕСТ и БРАКО ги изложија последните достигнувања од инженерското работење на компанијата на настанот RE-MEMBER 2024, во организација на Машинскиот факултет во Скопје, со кој се одбележуваат 20 години од воведувањето на струдиската програма Мехатроника.

Инженер Војдан Андонов говореше за примената на PLC (програмабилен логички управувач) во управувањето на батериските системи за складирање на електрична енергија, што претставува последниот производ на Фероинвест, на кој компанијата работеше две години и кој претставува решение за вишокот електрична енергија произведена од фотоволтаици.

Инженер Филип Ташевски ги изнесе системите и управувањето на најновото електрично возило за чистење на Грин Машинс на БРАКО, моделот GM720ze, кое исто така е развивано во последните две години и е во постапка на сертификација од страна на германскиот институт ТУВ. Возилото има управување на сите четири тркала, како и други напредни решенија, и се очекува да предизвика значаен импакт на пазарите каде се бараат модерни и незагадувачки технологии.

Инженер Филип Андрески изложи стручна презентација за значењето на автоматизацијата при управување и мониторинг на малите хидроелектрани преку SCADA систем. Фероинвест е лидер во изградбата и одржување на мали хидроелектрани кај нас, а изведува проекти и за клиенти во други држави.

ФЕРОИНВЕСТ и БРАКО имаат континуирана стручна соработка со Машинскиот факултет во Скопје, работејќи на проекти за поддршка и развој, и на факултетот и на производните процеси во компанијата.

Би можело да ве интересира

Возилата грин машинс на БРАКО на саем во САД

(ВИДЕО) Феро Инвест изгради фотонапонска електрана на покривот на „Веро Центар“

Горан Наумовски

Фероинвест прдолжува со изградба на фотонапонски електрани за клиенти, пуштена нова во Ресен

ФЕРО ИНВЕСТ почна со изведба на батериски системи за домаќинства, до 98 отсто помали сметки за струја

Феро Инвест/Централ Инвест и БРАКО се вклучија во чистење на велешкото езеро Младост – цистерните на Биогасната електрана Биоентерпрајз за еден ден извлекоа 60 тони од штетната материја од езерската површина

ВИДЕО: Новото електрично возило „ГРИН МАШИНС” На БРАКО претставено во Минхен