ФЕРОИНВЕСТ учествуваше на годинешната конференција на МАКО CIGRE, каде беше презентиран трудот на тема „Интеграција на батериски систем од 1.6 MW / 3.73 MWh во постоечка фотоволтаична централа“.
Трудот, подготвен од инженерите Стефани Георгиевска, Сандра Цветанова, Сашо Милевски и Војдан Андонов, претставува практичен пример за примена на домашно знаење и технологија во проектирање и изведба на современи системи за складирање електрична енергија (BESS).
Со овој проект, ФЕРОИНВЕСТ ја демонстрира својата инженерска подготвеност за интеграција на батериски системи, кои се клучен дел од енергетската транзиција и овозможуваат поголема ефикасност, стабилност и исплатливост на инвестициите во обновливи извори на енергија.
„ Македонија располага со знаење и експерти кои можат да реализираат високотехнолошки енергетски решенија според европски стандарди, што се покажа со тоа што нашите инженери ја инсталираа првата лиценцирана батерија за складирање електрична енергија во земјава“ изјавија од ФЕРОИНВЕСТ.
Анализите прикажани во трудот потврдуваат дека ваквите системи се профитабилни и економски оправдани, со период на поврат на инвестицијата од околу 4 години и значителна добивка во текот на работниот век на батеријата.
Тоа ги прави батериските системи не само технолошка потреба, туку и одлична можност за инвеститорите кои сакаат да вложуваат во модерна, стабилна и исплатлива енергетика.
На советувањето на здружението на професионалци, инженери, универзитетски професори и компании од енергетскиот сектор во Македонија, МАКО CIGRE, ФЕРОИНВЕСТ одржа и посебна корпоративна презентација на која ги запозна присутните со сите проекти за кои компанијата нуди решенија ,,клуч на рака”, за батериски системи, фотонапонски електрани, мали хидроелектрани, биогасни електрани, производство на трафостаници, со комплетно вклучено проектирање, изведба, одржување и откуп на електричната енергија.
ПР текст