Инвестиција од 40 милиони евра во комплексот РЕМ во Тетово

Од:

Околу 40 милиони евра е инвестицијата во повеќенаменскиот комплекс РЕМ, со хотел, станбени единици и трговски центар,  што беше отворен денеска во Тетово. Целокупната инвестиција е на компанијата РЕНОВА и со него се предвидува отворање на 250 нови работни места.

РЕМ комплексот се состои од трговски центар од 12.000 метри квадратни,  луксузен хотел со 5 звезди на 12 ката, панорамски ресторан на најгорниот кат од хотелот, 146 станови и 400 паркинг места, на вкупна изградена површина од 60.000 метри квадратни.Денеска беше во употреба трговскиот центар РЕМ мол, а сопствениците, семејството Идризи, најавуваат дека за кратко време во употреба ќе бидат пуштени и хотелот и станбените единици.

Според вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски,  сите економски политики што се прават во Владата и коалицијате се за да резултираат во вакви инвестиции.

– Реформите што се преземаат во економската област покажуваат дека сме на вистински пат само со отворање на нови вакви слични објекти. Очекувам дека овој објект кој е правен според најсовремените светски стандарди ќе претставува гордост на семејството Идризи и на целиот град и дека на нив многу скоро ќе им се врати инвестицијата. Ова е уште еден придонес и во рамномерниот економски развој во државата а новите вработувања ќе имаат пошироко влијание на подобрувањето на состојбите и во регионот и во државата, изјави вицепремиерот Пешевски.

Генералниот директор и инвеститор Шефки Идризи нагласи дека со изградбата на објектот сакале да дадат голем придонес за развивање и на локално и на регионално ниво.

– Во услови на светска криза покажавме дека можеме да менаџираме и со вакви капитални инвестиции и проекти. Ваков објект им недостасуваше и на граѓаните и на градот Тетово, рече Идризи.

За лидерот на ДУИ Алиа Ахмети, новиот објект во Тетово е со голема вредност за идните генерации. Со инвестиција, посочи, се прави уште еден чекор во обидот да се запре иселувањето од овие простори.

Во рамки на  трговскиот центар, свои продажни објекти ќе имаат повеќе интернационални и домашни брендови, како што се супермаркетот Карфур, италијанскиот моден ланец Групо Фјори, како и Мега Фешн, играчница Аркадиа, Екстрим Интимо,Офис Плус, Пенти,Ламас и Џовани, Мат Стар, Кимико, Топ Шоп, Анхоч,……. Сопствениците планираат да се отвори и ексклузивен ресторан, а за најмладите детска игротека „Киндерленд“.

Би можело да ве интересира

Втор пат за еден ден, дел од Тетово е без струја

Дефект на трафостаница во Тетово, без струја околу 5000 корисници

Поднесена иницијатива за испитување на уставноста за преименување на улиците во Тетово од 2007 година

24-годишно момче од Тетово си го истепа три години постариот брат

Сојузот на борци преку отворено писмо бара да нема промена на имиња на улиците во Тетово

А1он

Одбележани 24 години од загинувањето на полицаецот Момир Стојановски