Инспекторатот за земјоделие ја презема контролата за генетски модифицираниот ориз

Од:

Државниот инспекторат за земјоделство од денеска треба да ја преземе контролата за генетски модифицираниот ориз во Македонија.

Откако ќе ги добие резултатите што ги спроведе Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Инспекторатот ќе продолжи со акцијата за да утврди кои се увозниците на генетски модифицираното семе.

– АХВ денеска треба да ни ги достави резултатите за тоа каде е најдено семето и ние да пуштиме инспекциска контрола, за да провериме и да стасаме до увозникот, до носителот на семето. Тоа ќе се утврди во наредните денови, изјави за МИА директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Благој Индов.

Тој нагласува дека увоз на генетски модифицирано семе не е забрането, но мора да е со сертификат и декларирано.

– Семето во овој случај не е увезено легално. Затоа, ќе ги продолжиме контролите. Наредниве денови ќе се истражува тоа. Уште не се знае за колку семе станува збор, утврдено е само дека кај повеќе производители има генетски модифициран ориз, дополнува директорот.

Според него, одговорност секако ќе има, согласно законските прописи. Можни се парични казни или одземања на лиценците за увоз.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници