Иницијативниот одбор на тутунарите бара поголема динамика на откуп и средба во Министерството за земјоделство

Од:

Ако не се зголеми динамиката, не може да се дооткупи тутунот во наредните 20 работни дена, велат од Иницијативниот одбор на тутунарите и бараат средба во Министерството за земјоделство.

Според Игор Мирчески од Иницијативниот одбор, за откуп се останати околу 7.000 тони од договорените 23.200 тони тутун и уште околу 4.000 тони вишок кои со сегашната динамика која се намалува, не може да се дооткупат во законскиот рок до крајот на февруари.

За откуп остануваат уште 20 работни дена за откуп, а досега се откупени околу 16.500 тони со просечна цена од 166 денари.

– Од договорените 23.200 тони, останувата уште околу 7.000 тони. Во меѓувреме се пријавени околу 3.500 тони вишок, а до петти февруари, кога е крајниот рок за пријавување, се очекуваат околу 4000 тони. Уште 11.000 тони треба да се купат во 20 работни дена, што е малку со оваа динамика. Од заклучоците што ги потпишавме со министерот за земјоделство, ниту една точка не е постигната. Остана последната, на 75 проценти откупен договорен тутун, да се состанат Министерството, Инспекторатот, откупувачите и Сојузот на земјоделските здруженија, за да ја разгледаат проблематиката. На теренот имаме влошување. Се откупува според шифри, се враќаат тутунарите, не се купува во четврта класа, процената не е реална, се декласираат класите тутун. Бараме итна средба во Министерството за земјоделство со откупувачите, со Инспекторатот да се најде начин како овие останати 11 милиони килограм, да се преземат што може најбрзо, рече Мирчески.

Тој обвини дека откупувачите свесно ја намалуваат динамиката и создаваат тензии.

Најпроблематично е во Долненско каде има производство од 9 000 тони, а досега се купени само 35 насто. Еџевит Ајдароски, тутунопроизводител од Долненско нагалсува дека се чека со денови на откуп, фирмите ограничено купуваат, има несакани ситуации.

-Од почетокот е проблематичен откуп на тутунот во Долненско. Откупувачите не ја зголемуваат динамиката, а од 9 000 тони се откупени само 35 насто. Во фирмите имаат наредби да купуваат дневно само три тони. Никој не сака да купи во четврта класа. Кога сакавме да ја укинеме, ни рекоа стои во договорите, а сега не сакаат, изјави Ајдароски.

Од Иницијативниот одбор бараат во македонското Собрание да се расправа за состојбите и средствата за тутунарите во петтиот пакет мерки да се дадат по килограм предаден тутун.

-Бараме точката за откупот на тутунот и проблемите, за што комисиски се расправаше, да влезе на дневен ред во Собранието и да не поканат за да кажеме какви се проблемите, а не политичарите. За кратко ќе се потпишуваат договорите за новата реколта и ако не се решат проблемите совреме, на иста реколта ќе наидеме како оваа. Не знаеме колку средства се одделени за тутунарите во петтиот сет економски мерки. Да бидат распределени по килограм произведен и прераден тутун, изјави Мирчески.

Иницијативниот одбор на тутунарите останува на барањето за 100 денари субвенции за сите класи. Се најавува и формирање земјоделски здруженија.

Би можело да ве интересира

Бектеши: За уште 35 денари се зголемува откупната цена на тутунот, носиме одлуки во интерес на тутунарите

Талески: Ново зголемување на откупата цена на тутунот за 35 денари, досега имаме просечна цена од 365 денари

Николовски: Тутунарите утре добиваат анекси на договорите, со зголемена цена од 365 денари на целокупната предадена количина тутун

Земјоделски инспекторат: Тутунарите да не прифаќаат усни најави, откупувачите да испратат писмени анекси за зголемени откупни цени на тутунот

За тутунарите дополнителни 20 – 30 денари субвенција, а од 2024 година и „зелена нафта“, како и 6.000 денари поддршка за хектар површина

Станкоски: Откупните фирми може да ги зголемат цените со анекс, а не да ги условуваат тутунарите