„Инфлацискиот врв сè уште не е поминат“, оценува Бруно Ле Мер, но „почнува пад за одредени суровини“

Од:

Според прогнозите, инфлацијата „ќе почне да опаѓа“ во средината на 2023 година, посочува Бруно Ле Мер, министерот за економија на Франција. Во меѓувреме, цените на храната дополнително ќе растат, јави дописникот на МИА.

„Инфлацискиот врв сè уште не е поминат“, потврди Бруно Ле Мер, министер за економија и финансии на Франција. Според него, поскапувањето „кое веќе трае неколку недели, ќе трае уште неколку месеци“.

Сепак, министерот во интервјуто за Франс Интер сака да им „даде перспектива на Французите“ и гарантира дека почнува „пад“ во однос на цената на одредени земјоделски или индустриски суровини, како што се пченицата, кобалтот, цинкот или дури и алуминиумот. „Гледаме почеток на пад кој би требало да може да се пренесе на потрошувачките цени околу средината на 2023 година“, проценува Бруно Ле Мер.

„Во текот на 2023 година, нашата проценка е дека инфлацијата треба да почне да се намалува“, инсистира тој. И покрај неговите оптимистички прогнози, Бруно Ле Мер предупредува дека зголемувањето на храната може „понатамошно да се зголеми во наредните недели“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано