Инфлацијата во Германија во мај речиси осум отсто

Од:

Стапката на инфлација во Германија продолжи да расте во мај со 7,9 отсто повисоки цени во споредба со истиот период минатата година, што е највисоко забележано зголемување на цените во Германија од нафтената криза во 1970-тите, соопшти денеска Федералниот завод за статистика во Визбаден.

Стапката од 7,9 отсто е повисока од проценките на водечките економисти кои очекуваа стапка на инфлација од 7,6 отсто за мај.

„Од почетокот на војната во Украина, особено цените на енергијата значително се зголемија, што се одрази на високата стапка на инфлација“, се вели во соопштението на Федералното биро за статистика.

Според последните статистички податоци, најмногу, за 38,3 отсто, поскапеле енергенсите, а прехранбените производи за 11,1 отсто.

Инфлацијата се должи и на прекини во синџирот на снабдување како резултат на нарушувања за време на корона кризатаи недостиг на персонал во логистичката индустрија.

Министерот за финансии Кристијан Линднер рече дека „инфлацијата треба да се потисне“ и најави враќање на строгите мерки за штедење и нула долг веќе од следната година.

Би можело да ве интересира

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он