Инфлацијата во Германија највисока од германското обединување во 1990 година

Од:

Потрошувачките цени во Германија во април беа за 7.4 отсто повисоки во споредба со истиот месец минатата година, информираше денеска Заводот за статистика, јави ДПА.

Инфлацијата сега е на највисоко ниво од германското обединување во 1990 година. Од март до април годинава, потрошувачките цени се зголемија за 0.8 отсто.

Острите зголемувања на цените на енергијата ја поттикнуваат инфлацијата, трендот се зајакнува и со војната во Украина. Проблеми во синџирот за снабдување и „локдауните“ поради коронавирус на делови од Кина, исто така се важни фактори.

Во април, цените на енергијата забележаа раст од 35.3 Ð �роценти, во споредба со истиот месец минатата година. Цените за масло за греење речиси двојно се зголемени. Потрошувачите требаше да платат значително повеќе и за гориво (38.5 отсто) и за природен гас (47.5 проценти).

Цените на храната се зголемија за 8.6 отсто. Цените на растителните масти и масла за 27.3 отсто, како и на месото и на месните производи за 11.8 проценти. Поскапи се и возилата за 8.9 отсто и опремата за обработка на податоци – осум проценти, во споредба со претходната година.

Според економисти, луѓето мора да продолжат со подготвување за високи стапки на инфлација месеците кои следуваат. Тука игра улога и тоа што многу компании префрлаат дел од зголемените трошоци за енергија и суровини и ги зголемуваат цените.

– Затоа инфлацијата во Германија најверојатно ќе остане над седум отсто во следните месеци, изјави Тимо Волмершаузер, раководител на економски истражувања во минхенскиот институт Ифо.

За годинава, како целина, економисти очекуваа просечна инфлациска стапка меѓу шест и седум проценти кај најголемата европска економија. Минатата година, стапката во просек изнесуваше 3.1 отсто.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски