Инфлацијата во август достигна 9,1 отсто во земјите од еврозоната

Од:

Инфлацијата во европските земји кои го користат еврото достигна нов рекорд во август, од 9,1 отсто, поттикната од скокот на цените на енергијата предизвикан главно од руската војна во Украина, објави денеска европската статистичка агенција Евростат.

Годишната инфлација во 19-те земји од еврозоната во август порасна на 9,1 отсто, што е зголемување во однос на 8,9 отсто во јули, покажуваат најновите податоци објавени од Евростат.

Инфлацијата е на највисоко ниво од кога почна водењето на податоците за еврото во 1997 година. Цените на енергијата скокнаа за 38,3 отсто, додека цените на храната за 10,6 отсто.

Цените на стоките се зголемени за пет отсто, а на услугите за 3,8 отсто.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Левица: При инфлација и социјална несигурност владата зголемува буџет за војни на 3% од БДП

Горан Наумовски

Минималната сума за преживување на месецот пораснала 100 евра за една година

Катерина Ѓуровски

Економскиот раст годинава 2,3%, инфлацијата 3,5% проектира Народна банка

Трошоците на живот во септември на годишно ниво повисоки за 2.6, а цените на мало за 3.3 отсто

Владата нема да интервенира со ограничувања на цените: Не е наша политика да се одржува зголемена и вештачки набилдана јавна потрошувачка

Катерина Ѓуровски