Германската технолошка компанија Инфинеон денеска најави дека ќе инвестира 1,6 милијарди евра во нова фабрика за чипови во Австрија.
Фабриката ќе биде лоцирана во Вилач, на границата со Словенија и Италија. Во неа ќе се произведуваат 300 милиметарски чипови, а производството се очекува да почне во 2021 година. Полниот капацитет на фабриката би требало да се достигне во рок од шест години, а извозниот потенцијал изнесува 1,8 милијарди евра годишно.