Индустриското производство во август годинава забележа пад од 1,2 проценти во однос на август 2012 година, а од почетокот на годинава заклучно со август во однос на овој период лани бележи пораст од 1,7 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во август 2013 година, во однос на август 2012 година, бележи пораст од 4,8 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 2,9 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 4 проценти.
Според главните индустриски групи, производството во август 2013 година, во однос на август 2012 година, бележи пораст кај Енергијата за 2,6 отсто и Капиталните производи за 5,8 отсто, додека опаѓање бележи кај Интермедијарните производи, освен енергијата за 3,1 отсто, Трајните производи за широка потрошувачка за 15 отсто и Нетрајните производи за широка потрошувачка за 1,4 отсто.