Индустриското производство во 2014 година било за 4,8 проценти поголемо во однос на претходната 2103-та.
Според Државниот завод за статистика, индустриското производство во декември 2014 година било поголемо за 0,7 отсто во однос на декември 2013-та. Во секторот Рударство и вадење камен бележи опаѓање од 6,6 проценти, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 2, отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од пет проценти.
Во однос на главните индустриски групи, пораст е евидентиран кај Интермедијарни производи, освен енергија за осум отсто, Капитални производи за 47,1 и Трајни производи за широка потрошувачка за 16,9 проценти.
Опаѓање има кај групите Енергија за 12,2 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10,2 процента.