Индонезиската економија се искачи на десеттото место во светот

Од:

Со остварен бруто домашен приход од две илјади и 58 милијарди долари, според извештајот на Светската банка, инонезиската економија сега се вбројува во десетте најголеми економии во светот. Оваа 250 милионска земја, која во последната деценија на минатиот век уште беше во списокот на земјите во развој, во последните шест години на листата напредувала за пет места, претекнувајќи ги, покрај другите, економиите на Италија и Мексико.

Во анализата на Светската банка, што ја пренесуваат индонезиските медиуми, се наведува дека за таа држава најголеми пречки во развојот и натаму остануваат фискалната политика и нерамноправната распределба на приходите.

Неофицијално, само околу пет милиони од индонезијците спаѓаат во средниот слој, а  концентрацијата на богатството е во државни раце и не толку голем број семејства.

Аналитичари на Централната банка на Азија сметаат дека Индонезија сега има потенцијал до 2.020 година да се искачи на седмото, па дури на петото место волистата на најголемите економии. Азиската Банка советува либерализација на политиката за издавање лиценци и реформи во огромната државна администрација. Тоа се задачи кои државата може да ги реши на краток рок, а се препорачува и поголема отвореност кон странските инвеститори и фокусирање на решенијата за подобрување на енергетскиот потенцијал.

Би можело да ве интересира

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени

Индонезија: Еруптираше вулканот Марапи, автомобилите и патиштата прекриени со пепел

Горан Наумовски