Имотот што не се користи ќе се оданочува трипати повеќе

Од:

На денешната владина седница, беше разгледан и усвоен Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за даноците на имот со кој ќе биде обезбедено прогресивно оданочување, а ќе биде во сила од 1. јауари 2022 година.

Исто така со Предлог-законот се предвидува позитивно влијание врз буџетот на Единиците на локалната самоуправа бидејќи со повеќе пропишаните стапки се зголемуваат и се утврдуваат состојби во кои данокот на имот за другиот недвижен имот опишан во поимникот, кој е во сопственост на државата или на општините, општините во Градот Скопје и на Градот Скопје како и во сопственост на физички и правни лица, а кој не се користи, подолго од шест месеци во текот на една година, да се зголеми за три пати во однос на стапките пропишана со законот.

Со одредби од овој Закон се пропишува и дека државата, општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје, како и физичките и правни лица кои нема да пријават дека одреден недвижен имот не го користат, ќе платат данок кој ќе биде за пет пати повисок од пропишаниот.

Би можело да ве интересира

Со системот на е-даноци нема да има човечки фактор при собирање на данокот, вели вицепремиерот Николовски

Општините просечно наплатуваат по 81 % од пресметаниот данок на имот, половина од парите од данок на имот се прибираат од Скопје

Катерина Павлова-Николовска

Дојче банк: Работниците кои работат од дома да се оданочат со плус пет отсто

Жарко Настоски

Измените на законите за данокот на добивка и за данокот на личен доход поминаа на Влада

Ана Ололовска

Барањето за финансиска поддршка за плати ќе се поднесува до УЈП преку системот е-Даноци

Ана Ололовска

Викенд без ДДВ, три дена за купување домашни производи, услуги и ИТ-опрема

Ана Ололовска