Илон Маск планира да гради нова фабрика во Тексас

Од:

Компанијата „Тесла“ планира да изгради нова фабрика во близина на Остин во сојузната држава Тексас, објави на социјалните мрежи нејзиниот сопственик Илон Маск. Просторот на кој ќе се гради фабриката опфаќа околу 2.000 хектари и ќе биде оддалечена 15 минути од центарот на градот.

Фабриката, како што најави Маск, ќе биде „еколошки рај“ и ќе биде отворена за јавноста, пренесува „Си-Ен-Би-Си“.

„Ние ќе изградиме фабрика што ќе биде зачудувачка, а ќе се наоѓа точно на реката Колорадо“, рече Маск.

Тој додаде дека во близина ќе има велосипедски и пешачки патеки. Фабриката ќе ги произведува моделите „Cybertrack“, „Model 3“ и „Model Y“ за источниот дел на Северна Америка. Сопственикот рече дека компанијата ќе продолжи да се шири и во Калифорнија, каде планира да се произведуваат „Tesla Model S“ и „Model X“ за глобална испорака.

Местото Тревис, каде и ќе биде изградена новата фабрика на Маск, гласаше претходно за компанијата „Тесла“ да добие даночно олеснување, со цел да изгради фабрика што ќе донесе нови работни места во оваа област, пренесуваат американските медиуми.

Би можело да ве интересира

Продажбата на Tesla во ЕУ падна за 45%

Маск најави намалување на својата улога во администрацијата на Трамп

Горан Наумовски

Студентот обвинет за палење автомобили на „Тесла“ се соочува со голема затвор

Горан Наумовски

Масовни протести на Американците против Трамп

Маск и понуди милиони долари на инфлуенсерката Сент Клер за да го прикрие раѓањето на нивниот син

Горан Наумовски

Маск: Советникот за трговија Питер Наваро е морон

А1он