ИЛО: Повеќе од половина милион Авганистанци од неодамна се без работа

Од:

Повеќе од половина милион Авганистанци ги загубија своите работни места неодамна откако талибанците ја презедоа власта во земјата минатата година, соопшти денеска Меѓународната организација на трудот (ИЛО).

Агенцијата на ОН, чиј мандат е да ги промовира работните стандарди на глобално ниво, исто така проценува дека до средината на 2022 година тој број би можел да достигне 900.000.

„Ситуацијата во Авганистан е критична и потребна е итна поддршка за стабилизација и закрепнување“, рече Рамин Бехзад, висок координатор на ИЛО за Авганистан.

„Иако обезбедувањето на тековните хуманитарни потреби е приоритет, трајното и инклузивно закрепнување ќе зависи од пристапот на луѓето и заедниците до пристојно вработување, егзистенција и основни услуги“, додаде тој.

Стотици илјади Авганистанци, главно членови на авганистанските вооружени сили, судии и жени, беа отпуштени откако талибанците ја презедоа власта на крајот на хаотичното повлекување на меѓународните сили од земјата во август 2021 година. Покрај тоа, други клучни сектори како што се земјоделството, владините услуги и градежната индустрија се тешко погодени од губењето на работните места. Работниците исто така останаа без плата откако талибанците ја презедоа власта, се вели во извештајот.

Најголема загриженост е вработеноста на жените, која се проценува дека опаднала за 16 отсто во третиот квартал на 2021 година и може да падне на 28 отсто до средината на 2022 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ахунџада: Мртва е демократијата во Авганистан

Нападната база во Кабул: Има мртви

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

A1on

67 Авганистанци добија привремен престој во Македонија

А1он

Светска банка одобри 280 милиони долари за Авганистан

Ана Ололовска

Заврши престојот во Македонија за уште 43 граѓани на Авганистан

А1он