И според официјални податоци Чешка излезе од рецесија

Од:

По падот на чешката економија во шест квартали последователно, земјата излезе од рецесија, соопшти Чешкиот завод за статистика.

Податоците покажуваат, дека на годишно ниво Бруто домашниот производ (БДП) се намалил за 1,3 проценти, а конечната потрошувачка во вториот квартал во споредба со лани пораснал за 0,8 отсто, јави дописникот на МИА од Прага.

Во домаќинствата каде што трошоците на годишно ниво се зголемиле за 0,5 проценти, интересот на потрошувачите бил фокусиран на производи за подолготрајна потрошувачка, особено на предмети за домување и средства за транспорт и тоа во поголема мера отколку минатата година.

Додека продуктите наменети за брза потрошувачка, домаќинствата ги купувале помалку од периодот пред една година.

Значителни промени, според статистичарите се забележани во развојот на надворешната трговија и нејзиниот придонес кон создавањето на БДП.

По привремениот пад во првиот квартал годинава, извозот на годишно ниво забележа раст од два отсто, додека увозот од само 0,5 проценти.

Според експертите, понатамошната економска ситуација ќе зависи од интересот на странските фирми за чешките производи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Торнадо во Чешка подигна трамболина, а камењата летаа насекаде

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски