И покрај студијата Брисел премолчено го одобрува ГМО

Од:

Државите членки на ЕУ не постигнаа договор за комерцијализација на генетски модифицираната сорта на пченка МИР 162. Така, одлуката ја пренесоа на Европската комисија, која веројатно ќе ја одобри, се дознава од дипломатски извори. Комисијата, всушност, ќе нема друг избор освен да ја одобри оваа сорта, бидејќи Европската агенција за сигурност на храна (EFSA) проценила дека М.И.Р. 162 не претставува опасност по здравјето.

На состанокот на парламентарните комисии на експерти, за одобрување на пченката М.И.Р. 162, гласале 13 држави, вклучувајќи ја и Велика Британија, Шпанија и Холандија. Другите десет, вклучувајќи ги Полска и Австрија, биле против, а четири – Германија, Франција, Италија и Бугарија – беа воздржани.

Сите земји-членки ги задржаа непроменети своите позиции во однос на првото разгледување на барањето од 10 септември. Расправата поттикната од истражувањата на францускиот професор Жил Ерик Сералин за последиците при хранење стаорци со генетски модифицирана пченка NK 603 не ги промени позициите. ЕФСА соопшти дека следната недела ќе ја објави првата анализа на француското истражување.

Би можело да ве интересира

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот