Хуавеи планира да отвори фабрика во Европа

Од:

Кинескиот технолошки гигант Хуавеи планира компонентите за своите апарати да ги произведува во Европа.

Информацијата доаѓа во момент кога лидерот во 5Г технологијата се бори со американските санкции.

– Планираме во иднина своите компоненти да ги произведуваме во Европа. Работиме на истражување на можностите за отворање фабрика на тој континент, а изборот на земјата ќе зависи од студијата, изјави претседавачот со групацијата, Лианг Хуа.

Иако не се наведува временска рамка за оваа инвестиција, сепак Лианг наведува дека „тоа може да се случи многу брзо“.

Хуавеи моментно е водечки играч во 5Г инфраструктурата и втор по големина производител на паметни телефони во светот, по компанијата Самсунг Електроникс.

Би можело да ве интересира

Путин: Верувам дека Русија и Европа еден ден ќе ги обноват односите

Калас: Европа подготвува план Б ако Трамп се повлече

Венс: Европа не може засекогаш да биде „безбедносен вазал“ на Америка

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

Додик: Ваква Европа нема иднина и тешко може да се спаси

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина