Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ е децидно против девалвација на куната

Од:

Хрватска не треба да размислува за девалвација на својата национална валута – куната, бидејќи еден таков чекор ќе им наштети на граѓаните и компаниите без да ја подобри конкурентноста на бизнисот, изјави денеска хрватскиот премиер Зоран Милановиќ.

Германските консултанти на најголемата опозициска партија, конзервативната Хрватска демократска заедница, неделава во Загреб го претставија планот за реформи и притоа ја споменаа девалвацијата на куната како една од можните мерки.

Овој став на ХДЗ веднаш ја заживеа старата дебата за тоа дали куната, што беше воведена две години откако Хрватска стана независна држава во 1991 година, има преценет курс и поради тоа го задушува бизнисот што е ориентиран кон извоз.

Разменувачкиот курс на куната е нешто што Хрватска и нејзината централна банка веќе 20 години со леснотија го оддржуваат. Но, влоговите се големи и ние не треба да си играме игри со куната. Никогаш нема да го направиме тоа, изјави Милановиќ на заседание на владиниот кабинет.

Пред хрватскиот социјалдемократски премиер годинава претстојат избори на одгласите за рецесија што тлее уште од 2009 година и невработеност од околу 20 проценти.

Девалвирањето на куната на луѓето ќе им создаде проблеми, бидејќи ќе треба да земаат заеми во евра. Долгот на граѓаните и компаниите експресно ќе се зголеми, цената на увезените стоки ќе скокне и нашата куповна моќ ќе се намали, објасни Милановиќ.

Тој ги повика сите оние кои со леснотија зборуваат за девалвација на куната да помислат за влијанието на нивните зборови врз странските инвеститори, монетарната стабилност, довербата во Хрватска и способноста на нејзината централна банка да продолжи да го прави тоа што досега го правеше без проблеми.

Хрватска е должна некогаш да го воведе еврото, но за тоа нема краен рок и според аналитичарите тоа нема да се случи пред 2020 година, со оглед на високиот јавен долг од 80 проценти од БДП и високиот буџетски дефицит.

Би можело да ве интересира

Најмалку две лица загина во сообраќајка во Хрватска

Сообраќајна несреќа во Хрватска, неколку лица загинаа, има и повредени

Две сестри тргнаа на свадба, починаа во сообраќајка

А1он

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин