Хрватскиот јавен долг достигна 77 проценти од БДП

Од:

Хрватскиот јавен долг на крајот на јуни годинава достигна 252,8 милијарди куни, односно 32,8 милијарди евра, што е 77 отсто од бруто домашниот производ, покажува најновиот извештај на Евростат.

Податоците на Евростат покажуваат дека вкупниот јавен долг на Хрватска е зголемен од 75,7 отсто од БДП кон крајот на минатата година, на 77 проценти до крајот на првото полугодие на 2014 година.

Хрватскиот јавен долг од 2010 до 2013 година бележи раст од 77 милијарди куни, односно 23 проценти од БДП. Поголем раст имаат Ирска со 36 проценти, Шпанија и Португалија со по 32 отсто и Словенија со раст на долгот од 33 проценти од БДП.

На ниво на земјите од Еврозоната јавниот долг бележи раст од 84 проценти од БДП во 2010 на 91 отсто од БДП кон крајот на минатата година.

До крајот на годината се очекува јавниот долг на Хрватска да достигне 268,6 милијарди куни, или 81,8 отсто од БДП.

Би можело да ве интересира

Најмалку две лица загина во сообраќајка во Хрватска

Сообраќајна несреќа во Хрватска, неколку лица загинаа, има и повредени

Две сестри тргнаа на свадба, починаа во сообраќајка

А1он

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин