Хрватската Влада од денеска го отпишува долгот на 60.000 најсиромашни граѓани, а властите се надеваат дека ваквата одлука ќе има позитивен ефект на економијата.
Иако станува збор за помалку од еден отсто од вкупниот долг, се очекува долгорочните последици да бидат добри.
Одлуката за простување на долгот беше донесена на 15-ти јануари, а стапува во сила на 2. февруари, кога кандидатите за простување на долгот ќе почнат да ги предаваат апликациите.
Предвид ќе бидат земени граѓани кои немаат сопствена заштеда, ниту поседуваат нешто на свое име. Исто така, кандидатите не смеат на државата да и должат повеќе од 4.500 евра, а нивниот месечен приход не смее да биде поголем од 122 евра.
На тој начин, според предвидувањата, ќе бидат отпишани 27 милиони евра долг кон државните банки, компании, градски и општествени управи.